Во индустриските развојни зони расте бројот на вработувања, од почетокот на годинава 900 нови работници

Во Технолошко-индустриските развојни зони – ТИРЗ продолжува да расте бројот на работни места и извоз, само од почетокот на годинава во компаниите во ТИРЗ се вработени речиси 900 нови работници. Според податоците од редовната месечна анализа на Дирекцијата на ТИРЗ, заклучно со јули за 14 проценти е зголемен бројот на работни места во споредба со лани и достигна над 17.150. Според податоците, тоа е за 20 отсто повеќе од јули 2021 година односно за 30 отсто повеќе споредено јули 2020 година.

-Продолжува и растот на извозот кој заклучно со јули ја надмина границата од две милијарди евра. Само во јули извозот е 336 милиони евра што е за 20 отсто повисок од јули минатата година, односно за 50 и 58 отсто повисок споредено со јули 2021, односно јули 2020 година. Споредено со почетокот од годинава извозот во зоните е зголемен за 22 отсто, информираат од ТИРЗ.

Во првите седум месеци од 2023 година увозот достигна над 1,8 милијарда евра.

Само во јули годинава компаниите во ТИРЗ оствариле увоз од 261 милион евра што е за 13 отсто повисоко споредено со јули 2022 и 2021 година, а 39 отсто повеќе споредено со јули 2020 година. Споредено, пак, со почетокот од годинава увозот во зоните е зголемен за 15 отсто, прецизираат од ТИРЗ.

Од ТИРЗ додаваат дека продолжува и позитивниот тренд на раст кај нето извозот, кој заклучно со јули е 25 отсто. Тие очекуваат трендот на раст да продолжи, со оглед на тоа што во ТИРЗ од почетокот на годинава се постигнати договори од над 280 милиони евра кои во следните десет години треба да донесат над 4.600 работни места.

Исто така, во завршна фаза на преговори се четири нови инвестиции со обем од над 150 милиони евра, нагласуваат од ТИРЗ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот