Во Хрватска нагло поскапеа керамичарите, електричарите, водоводџиите и другите занаетчии

Дубровник, Хрватска Фото: Wikimedia commons

Цената за поставување плочки, во просек чини околу 17 евра, што е зголемување за 21 отсто во однос на лани. Нешто помал пораст на цените – од 18 проценти, доживеаја услугите на фасадерите, електричарите и водоинсталатерите. Секој кој имал потреба од мајстори во последните неколку години – без разлика дали се работи за градежни работи или за поправки на домот – знае дека е многу тешко да се дојде до нив, а цените значително се зголемија. Многу од нив, особено ако се со добро реноме, ако се познати по квалитетни занаетчии, практично имаат „листи на чекање“, па чекаат со недели за нивното доаѓање, а цената речиси никогаш не се прашува.

Во последната година цените на занаетчиските услуги, според истражувањето на порталот Tребам.хр. спроведено на повеќе од 500 испитаници, имале главно двоцифрен пораст. Така, на пример, кога се работи за градежни работи, најскапи се керамичарите. Керамиката за над 20 отсто поскапа, како последица од земјотресот и реконструкциите по него, анализира Н1 Хрватска. Со оглед на тоа што поскапеа поединечните услуги, секако поскапеа и работите „клуч на рака“, па сега реновирањето на бања чини во просек по 630 евра за метар квадратен, што е зголемување за 18 отсто, додека цената за реновирање стан се зголеми за 16 отсто, на 420 евра за метар квадратен. Но, не само градежните работи, туку и угостителските услуги поскапеа. Така, на пример, цената на кетеринг за топло мени се зголеми на 16 евра во просек по лице, што е раст од 23 отсто. Од Хрватската занаетчиска комора велат дека во градежниот сектор зголемувањето на цените на услугите делумно се должи на дефицитот на работната сила, но и на зголемената побарувачка за ваков вид на работа. Сепак, занаетчиството станува се поатрактивно, па во последната година бројот на занаети е зголемен за 8 проценти. Според податоците на Комората, во Хрватска во моментов работат околу 109.000 бизниси кои вработуваат 224.000 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот