Во Холандија луѓе купуваат радиоактивни предмети, мислат дека ќе ги „заштитат“ од 5Г

Фото: Институт за јавно здравје на Холандија

Радиоактивни ѓердани и други предмети за кои некои луѓе веруваат дека штитат од 5G мрежата се продаваат низ цела Холандија, открија властите.

Откриени се десетина предмети за кои е утврдено дека имаат штетно јонизирачко зрачење. Властите апелираат граѓаните да не ги користат, со предупредување дека тие може да бидат многу штетни по здравјето.

За мобилните мрежи се користат нејонизирачки радио бранови кои не ја оштетуваат нашата ДНК, потсетуваат холандските власти. И покрај ова, луѓето кои се убедени дека 5G зрачењето е штетно по здравјето, секоја година прават големи штети на предавателите за нејзино емитување.

Покрај ѓердан, се продаваат и радиоактивна маска за спиење „Energy Armor“ и нараквица, за која се верува дека „штити“ од 5G мрежата. Меѓу нив има и белегзија за деца „Magnetix Wellness“.

Теориите на заговор создадоа пазар за производи против 5G кои всушност немаат никаква функција. Во мај минатата година властите во Велика Британија забранија продажба на УСБ-стик за кој се тврдеше дека „штити“ од оваа мрежа, а чинеше 339 фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот