Во хеликоптерска несреќа во Сирија повредени 22 американски војници

Фото Архива на СП

Во хеликоптерска несреќа во североисточна Сирија за време на викендот беа повредени 22 американски војници, соопшти денеска американската војска, додавајќи дека се води истрага за причината за несреќата, но и дека не е вклучен непријателски оган.

Во соопштението од Војската се вели дека повредените војници добиваат третман, а 10 се преместени во „повисоки установи за нега“ надвор од регионот.

„Хеликоптерска несреќа во североисточна Сирија резултираше со повреди од различни степени на 22 американски војници. Не беше пријавен непријателски оган, се вели во соопштението.

Во Сирија во просек има најмалку 900 американски сили, заедно со несоопштен број изведувачи. Американските сили за специјални операции исто така се движат во и надвор од земјата, но обично се во мали тимови и не се вклучени во официјалното пребројување.

Американските сили се во Сирија од 2015 година за да ги советуваат и помагаат Сириските демократски сили предводени од Курдите во борбата против терористичката група Исламска држава. Откако екстремистичката група беше поразена во Сирија во март 2019 година, американските трупи се обидуваат да спречат какво било враќање на ИД, која се прошири во Ирак и Сирија во 2014 година, преземајќи ја контролата врз големи делови од територијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот