Во ГОБ „8-ми Септември“ пуштени три нови сали за интервентна кардиологија и радиологија

Во ГОБ „8-ми Септември“ денеска беа пуштени во употреба три нови сали за интервентна кардиологија и радиологија. Салите се опремени со најсовремена апаратура која, освен за кардиолошките, ќе може да се користи и за пациентите од други оддели.

Како што истакна премиерот Димитар Ковачевски кој присуствуваше на пуштањето на салите, и покрај сите предизвици од економската и енергетската криза, обновувањето на здравствените капацитети не престанува.

Според него, се создаваат услови за најсовремени интервенции за пацентите ширум државата, а фокусот на Владата е да создаде модерно здравство.

-Пуштаме во употреба најсовремена опрема во три сали за интервентна кардиологија и радиологија со десет апарати. Се работи за најсовремена опрема, еден дел од апаратурата е прв пат тука инсталирана во држава и не постои во ниту една друга јавна здравствена установа, а помага и за кардиолошки пациенти и за пациенти од други оддели, напомена Ковачевски.

Министерот за здравство Фатмир Меџити оцени дека со трите нови сали се создадени услови за интервентни кардиолошки и радиолошки процедури кои во исто време може да е практикуваат на повеќе апциенти.

Заедно со премиерот ги видовме трите сали за кардилогија и интервентна радиологија опремени со нови ангиографи. Со ова се создадени услови за интервентни кардиолошки и радиолошки процедури кои во исто време може да е практикуваат на повеќе апциенти, истакна министерот.

Директорот на ГОБ „8-ми Септември“ Христијан Костов рече дека со новата опрема ќе се намали времето на чекање за правење коронарографии, каротидографии и стентирања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот