Напаѓач бодел патници со нож на железничка станица во Германија, има загинати и повредени

На железничката станица Брокштет во Германија, непознат напаѓач со нож нападнал патници, при што се убиени најмалку двајца луѓе.

Како што јави РТЛ, според првичните информации, покрај загинатите, извесен број патници се тешко повредени. Неофицијално, во болница се пренесени петмина ранети.

Портпаролот на полицијата во германската сојузна покраина Шлезвиг-Холштајн потврди дека имало напад со нож и дека има жртви, но не даде прецизни податоци за нивниот број. Осомничениот е уапсен.

Во тек е полициска истрага на железничката станица во Брокштет, објавија на Твитер од германската железница Дојче Бан.

„Шпигел“ пренесува дека нападот се случил околу 15 часот, пред возот да стигне до станицата во Брокштет. Други информации за повредените и за нападот засега нема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот