Во Египет егзекутиран маж кој уби студентка откако таа одби да се омажи за него

Во египетскиот затвор Гамаса денеска е извршена смртната казна на Мохамед Адел, кој ја уби студентката Најера Ашраф од Универзитетот Мансура, која одби да се омажи за него.

Адел им признал на истражителите дека го планирал убиството на Ашраф откако таа одбила да стапи во брак со него. Тој на 20 мај годинава по последниот испит на Ашраф повеќепати ја избодел со нож.

Според сведоците Адел подолг период и се е заканувал и ја малтретирал својата жртва.

Тој се изјасни за виновен, а беше осуден на почетокот на јули 2022 година. Казната беше обжалена, а неговиот бранител побара евалуација на менталното здравје. Касациониот суд ја потврди казната во февруари 2023 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот