Во две одделни сообраќајки во Охрид тешко повредени три лица

Утримнава во 04.30 часот било пријавено дека на регионален пат Охрид-Свети Наум кај населба Свети Стефан, патничко моторно возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 19 годишник од Охрид, излетало надвор од коловозот.

„По несреќата возачот Б.А. и неговиот сопатник В.М.(18) од Охрид биле пренесени во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид каде од лекар им биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид“, соопштија од Министерството за надворешни работи

Полицијата во Охрид регистрира уште една сообраќајка два часа подоцна.

„Утринава околу 06.20 часот било пријавено дека на ул.„АСНОМ“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хамачи“ со охридски регистарски ознаки, управуван од К.С.(20) од Охрид и патничко моторно возило ,,голф’’ со охридски регистарски ознаки, управуван од П.Ч.(53) од с. Коњско, охридско. По несреќата возачот на моторциклот К.С. бил пренесен во Специјална болница „Свети Еразмо“ во Охрид, каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.Увид на местото на настанот извршила екипа до СВР Охрид“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот