Во Бугарија има близу 127 милиони литри руска нафта

PCK (ПСК) рафинерија за нафта / Шведт, Германија / EPA-EFE/FILIP SINGER

Од 1 јануари 2024 година, во Бугарија се достапни 126.890.694 литри сурова нафта од Русија, увезени врз основа на отстапувањето.

Ова го соопшти Царинската агенција како прв збирен податок од контролите извршени на првиот ден од годинава во Лукоил Нефтохим – Бургас и над 50 други даночни складишта. Вкупно во земјата има 473.268.974 литри сурова нафта. Проверките, во кои учествуваат 150 царински службеници, се во согласност со законот за контрола на спроведувањето на рестриктивните мерки против Русија.

На крајот на годината пратениците одлучија да ги стопираат извозните квоти од 1 јануари, а од 1 март конечно да го стопираат увозот и преработката на руската нафта. Пратениците решија на Лукоил да му дадат грејс период. По 1 јануари рафинеријата ќе има право да продава веќе испорачана руска нафта и горивата произведени од неа, но надвор од земјите на ЕУ, пишува „Сега.бг.њус“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот