Во болница од премор: Аца Лукас се огласи откако беше примен во Ургентен центар

Instagram
Аца Лукас / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Пејачот Аца Лукас повторно ја потресе јавноста откако во текот на денешниот ден бил хоспитализиран.

Гласини дека пејачот завршил и бил задржан во Ургентен центар се појавија низ интернет етерот, иако не беа споделени детали за причината, сериозноста или моменталната состојба на пејачот.

Но за среќа, набргу по извршените прегледи Аца Лукас се обрати на своите следбеници и ги расчисти шпекулациите, стивнувајќи го сомнежот за колку е сериозна состојбата заради која бил примен во Ургентниот центар.

„Драги мои, сите кои сте загрижеи за мене немате причина. Поради прекумерна работа во студиоти, како и на настапите, моето тело малку се премори и ми даде знак дека е време малку да го опоравам. Од причини што му верувам на нашето државно здравство се наоѓам во Клиничкиот центар каде ќе ми ги направат сите потребни аназили и истражувања. Се надевам на навистина брзо заздравување, затоа што ме чека многу работа околу новите спотови, песни, настапи како и најважното за мене, а тоа е претставување на државата Србија на Евровизија. Ве сака, вашиот Аца Лукас!“, напиша пејачот.

аца лукас
Фото: Принтскрин / Instagram

Со својата изјава Аца Лукас го потврди своето учество на изборот за песна на Евровизија, каде неговата песна „Оскар“ ќе се натпреварува со 35 останати учесници, а пејачот е самоуверено сигурен дека токму неговата песна ќе е онаа која ќе ја претставува Србија во Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот