Во близина на Крит откриени 117 мигранти, уапсени двајца криумчари

Островот Крит/Фото: Профимедиа

Од Либија за Италија, тргнале 117 мигранти, патување за кое платиле од 1.500 до 4.500 долари, а биле откриени и спасени во близина на грчкиот остров Крит, но и упасени тројца од нив, под сомнение дека се криумчари.

Од грчката крајбрежна служба соопштија дека во железниот чамец имало 84 мажи, 31 дете и две жени, а на 11 јануари тргнале од Тобрук во Либија кон Италија и во саботата биле откриени во близина на Крит.

По спроведената прелиминарна истрага биле уапсени тројца од спасените за прекршување неколку закони меѓу кои нелегален влез во земјата, олеснување на влез во државата итн.

Кај двајца од уапсените биле откриени пакувања канабис, а едниот имал забрана за влез во Шенген зоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот