Во Австрија има се повеќе незадоволни работници

Виена, Австрија протест ковид-19 коронавирус
Протести во Виена / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Овие денови Австрија стана земја на штрајкови, бидејќи има се повеќе гранки во индустријата каде вработените престануваат да работат поради незадоволство при преговорите за нов колективен договор, односно зголемување на платите, бидејќи земјата се соочува со рекордна инфлација, објави Политика рс.

Така, вчера штрајкуваа железничарите барајќи поголемо зголемување на платите од она што го нудат работодавачите. Вработените во трговијата најавуваат штрајк, па викендов многу продавници, меѓу кои и големите синџири, би можеле да останат затворени, а тоа е во периодот кога Австријците традиционално почнуваат да се подготвуваат за купување новогодишни подароци.

Предупредувачки штрајк најавуваат и вработените во телекомуникацискиот оператор А1. Главниот преговарач на работодавачите во железничкиот сектор, Томас Шајбер, и покрај понудата за зголемување на платите за 8,44 отсто, што е добра понуда во споредба со многу други стопански гранки, повика на предупредувачки штрајк, со што беа запрени сите возови.

Работодавачите критикуваат дека Австрија се повеќе се оддалечува од социјалното партнерство кое владееше до сега, а на кое се базираа односите меѓу работодавачите и синдикатите, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот