Во атарот на кратовското село Филиповци пронајдена почината жена

Жител на кратовското село Филиповци пронашол тело на жена во атарот на селото додека ја напасувал стоката, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од портпаролот на Секторот за внатрешни работи Куманово, Живкица Чавдаревиќ, случајот бил пријавен во Полициската станица од општа надлежност Кратово на трети септември околу тринаесет часот и четириесет минути.
-На трети септември, 54 – годишниот К.Д. од село Филиповци, Кратовско, во ПС од ОН Кратово, пријавил дека неговиот соселанец М.Д. истиот ден на место викано „Змијарник”  во атарот на селото Филиповци при напасување на стока ја пронашол мртва 36-годишната М.Г. од истото село, информира Чавдаревиќ.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кратово.
По наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на Институт за Судска медицина за вршење на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот