Во 3 часот по полноќ завршува летното сметање на времето

Летното сметање на времето во 2022 година завршува на 30 октомври во 03:00 часот, така што со поместување за еден час наназад времето во 03:00 часот се смета како 02:00 часот, соопшти Владата на социјалните мрежи.

Во пресрет на сезонското менување на времето, повторно беше актуелна дебатата дали поместувањето на часовникот е полезна практика, а понудено беше и објаснувањето дека со непромената на времето ќе се овозможи поголема заштеда на енергија во текот на зимските месеци.

Сепак, Владата одлучи и оваа година да се премине од летно во зимско сметање на времето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот