Внуката на Мусолини освои најмногу гласови на локалните избори во Рим

Внуката на Мусолини, Ракел Мусолини освои најмногу гласови на изборите во Рим/ Фото EPA

Рачел Мусолини, внуката на фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини, поединечно доби најголем број гласови од сите кандидати на локалните избори во Рим што се одржаа во неделата и понеделникот, покажуваат речиси конечните резултати.

47-годишната Рачел Мусолини, кандидатката на екстремно десничарската партија Италијански браќа (СДИ), доби повеќе од 8.200 гласови, откако беа преброени гласовите во повеќе од 97 проценти од избирачките места, што е индивидуално највисоко од сите кандидати.

Сепак, таа инсистира дека нејзиното презиме нема никаква врска со тоа, и тоа ќе биде втор мандат како градски советник.

„Едно лице е поважно од презимето, без разлика колку тежина има“ изјави таа за Ла Република.

Нејзиниот покоен татко Романо бил џез пијанист и зет на актерката Софија Лорен. Тој бил четврто дете на Мусолини.

Останатите потомци на Мусолини исто така се занимаваат со политика, сите членови на десницата, како што е полусестрата на Ракел, Алесандра, поранешна пратеничка во Европскиот парламент.

Десничарската партија изгуби клучни градови

Десничарските партии поминаа релативно лошо на овие локални избори, губејќи ја трката во клучните градови како Милано, Неапол и Болоња.

Вториот круг од изборите за градоначалник на Рим ќе се одржат на 17 и 18 октомври, на кои кандидатот на десницата, Енрико Микети, адвокат и радио водител, и кандидатот на левоцентристичкиот центар, поранешен министер за финансии Роберто Галтиери , ќе се борат за градоначалник на италијанската метропола.

Микети доби 30 проценти од гласовите во првиот круг, а Галтијери 27 проценти, но Галтијери се смета за фаворит во неколку од анкетите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот