ВМРО предлага Бугарија да стане претседателска република

ВМРО БНД КАРАКАЧАНОВ БУГАРИЈА/ Фото Архива на СП

ВМРО побара Бугарија да стане претседателска република. Ова стана јасно по завршувањето на состанокот на Извршниот комитет на партијата, јави дописникот на МИА од Софија. На предвремените избори на 11 јули, ВМРО сè уште дефинитивно не одлучила како ќе настапи, со оглед дека има неколку опции.

Првата е партијата да се настапи самостојно, за што партијата ВМРО повторно е подготвена.

Втората е повеќе преферирана од ВМРО, а тоа е коалиција дефинирана од Красимир Каракачанов како патриотско-конзервативна унија која ќе ги брани бугарските интереси.

Постојат неколку приоритети кои ВМРО ги истакнува. Главниот е Уставот и сериозните измени и дополнувања на истиот. ВМРО предлага зајакнување на овластувањата на претседателската институција во Бугарија, бидејќи смета дека земјата е подготвена да стане претседателска република.

Каракачанов им предложи на лидерите на „Атака”, „Волја” и НФСБ нивните лидери да не учествуваат во парламентарните листи за изборите на 11 јули. „Никој не смее да ја напушти својата партија”, рече лидерот на ВМРО, додавајќи дека со формулата што ја предлага, сите ќе бидат подеднакво оддалечени и со тоа ќе покажат дека влегувањето во парламентот не е по секоја цена и дека дијалогот во патриотскиот простор може повторно да се постигне во Бугарија”.

Повторно беше јасно истакнато дека Бугарија нема да направи никаков компромис во однос на Република Северна Македонија и дека сите партии што ги признаваат овие приоритети можат да учествуваат во можна идна коалиција.

Каракачанов го оквалификува веќе распуштениот 45-ти состав на парламент, како „најгрд можен парламент”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот