ВМРО-ДПМНЕ: Васко Ковачевски ќе биде запаметен по тендерите во четири очи, милионите испумпани од РЕК и ЕЛЕМ и хавариите во системот

Фото: Архива на „Слободен печат“

ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешното соопштение од досегашниот директор на државната ЕСМ, Васко Ковачевски, кој денеска соопшти дека се повлекува од функцијата од лични причини.

Еве го во целост соопштението на ВМРО-ДПМНЕ:

„Времето на Васко Ковачевски и СДС ќе биде запаметено по тендери во четири очи, милиони испумпани од РЕК и ЕЛЕМ и хаварии во системот. Фалбите на Димитар Ковачевски за Васко Ковачевски можеби се заради десетиците зделки кои поминаа во изминатиов период во режија на власта преку енергетскиот сектор, од кои корист имаат само фирми и луѓе блиски до власта, но не и граѓаните.

Самиот Димитар Ковачевски кажа дека во ЕЛЕМ се вбрзигани близу 200 милиони евра државни пари, да не биле овие пари, претпријатието ќе банкротирало. Оттука чиста козметика се тврдењата за наводна успешност на Васко Ковачевски. Тоа што Владата како што велат тие требало да субвенционира струја е повторно заради неспособноста на менаџерскиот тим на СДС и ДУИ, но и целата влада. ЕЛЕМ не е во можност да произведе доволно струја по цени кои ќе го задоволат регулираниот пазар, а нивната неспособност не е и не може да биде успех.

Фактите се дека народот денес плаќа 30% поскапа струја, за тоа не треба некој да биде експерт да го спознае, доволно е да ја погледне сметката која ја плаќа. СДС не може да го убеди народот дека црното е бело, па макар и стопати го повтори спротивното“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот