ВМРО-ДПМНЕ: Соопштението на „Телеком“ е тежок блам за компанијата и за СДС

Македонски Телеком / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешното соопштение на „Македонски телеком“ околу наводите од аферата „Паразити“ што ја објави партијата.

„Кога Телеком, каде и државата преку владата е сопственик збори за непартизираност на институцијата, треба да одговорат дали истото соопштение го пишувале Нина Ангеловска поранешна министерка за финансии од владата на Заев, во време кога Ковачевски и беше заменик, а сега член на одборот на директори на Телеком. Или пак тоа е пишувано од Зоран Китанов кој исто е член на одборот на директори на Телеком, а поранешен директор на Агенцијата за патишта. Или пак од Шкодране Дардишта која исто е член на одборот на директори на Телеком, а како кадар на ДУИ беше 12 годишен директор на службите на државна клиника и позната по заканите за етничка војна во државава. Или пак истото соопштение го пишувал Садула Дураку како сегашен член на одборот на директори на Телеком, а поранешен министер на ДУИ за животна средина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ваквите автоголови на партизираното раководство на Телеком не се соодветно објаснување за аферата „Паразити” и платите тешки неколку илјади евра кои ги земаат членовите на раководството на Телеком како што е Никола Љушев, туку тежок блам за компанијата и владата на СДС“, додаваат од партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот