„Телеком“ за аферата „Паразити“: Не сме државна компанија, Љушев и Пројкоски не се назначени од Владата

Македонски Телеком / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Во врска со обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ и написите за аферата „Паразити“ во која се посочуваат платите на државните службеници, денеска со соопштение, „за да не се доведе јавноста во заблуда“, се огласи „Македонски телеком“.

„Македонски телеком не е јавно претпријатие, ниту државна институција, туку една од најуспешните компании со странски капитал во земјава, која уште од 2001 година е дел од интернационалната групација Дојче Телеком. Компанијата, повеќе од 20 години функционира во конкурентно опкружување со други интернационални брендови“, велат од компанијата.

„Позициите главен извршен директор, на која е г. Никола Љушев и Главен директор за финансии, на која е г. Славко Пројкоски, не се позиции на јавни службеници назначени од Владата, туку високи деловни функции кои носат одговорност за целокупното работење на компанијата. Овие позиции подразбираат поседување на соодветно искуство, докажана експертиза и преземање деловни активности за постигнување резултати согласно плановите и стандардите на Дојче Телеком групацијата“, се вели во реакцијата од „Македонски телеком“.

Според ВМРО-ДПМНЕ, аферата „Паразити“ покажува како група функционери именувани од Владата „земаат огромни суми пари по основ на плата во време кога имаме економска криза, а притоа не гледаме со што тие ги оправдале овие примања“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот