ВМРО-ДПМНЕ: Нашите граѓани плаќаат најскапа струја во регионот

струја

Цената на струјата во Македонија, која ја плаќаат граѓаните 89.5 евра за мегават час, и е убедливо најскапо од сите земји во регионот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните на Србија и Косово плаќаат 50 отсто поевтина струја од граѓаните во Македонија. Цената на мегават час електрична енергија во Србија е 58.9 евра, а во Косово 55.5 евра, во споредба со нашите 89.5 евра.

Поскапа струја плаќаат нашите домаќинства и од домаќинствата во Турција, каде струјата е 74.8 евра за мегават час, односно 15% помалку во однос на Македонија.

БиХ и Црна Гора исто така имаат поевтина струја од Македонија, околу 15%.

Струјата во Македонија е скапа затоа што власта го занемари домашното производство, и од некогашните 6 терават часови произведена струја сега не можат да се произведат ниту 4.

Владата не го оптимизира производството, и ја донесе Македонија и граѓаните во полоша положба од граѓаните на државите од регионот – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот