ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на СДСМ не дадоа ефект, над 40.000 граѓани останаа без работа

СДСМ со ребалансот на буџетот крати пари на капитални инвестиции додека кај непродуктивните трошоци нема намалување.  Скратени се средства за образование и здравство додека средства за мебел и за други луксузи има. На чело со СДСМ македонската економија и здравство доживуваат дебакл, велат од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Над 40.000 граѓани останаа без работа додека само 2.000 за месец септември. Јавниот долг изнесува над 60 % од БДП што според критериумите на Мастрихт земјава се вбројува во групата на високо задолжени земји. Мерките на владата не дадоа ефект. Од вкупно планираните 550 милиони евра реализирани беа само 53 %.  4 пакет на мерки не ги вклучува студентите и учениците ниту малите компании што се движечка сила на  секоја економија. Заев и СДСМ ги остава малите фирми на цедило а со тоа и огромен број на фамилии и луѓе без работа. Заев на чело со СДСМ обезбедуваат пари само за нивните фирми и луѓе блиски до власта- велат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

И Светска банка излезе со црни предвидувања за македонската економија, потенцираат оттаму.

-Светска банка предвидува пад на економијата од 5,4 % до крајот на годината додека само за првиот квартал македонската економија бележи пад од огромни 12,7%. Капиталните инвестиции се катастрофално ниски што го доведува градежниот сектор во опасност. Според последниот извештај за извршување на буџет заклучно со месец август изнесува едвај 40 %. Предвидувањата на Светска банка се и дека сиромаштијата енормно ќе расте додека моментално во Македонија над 400.000 граѓани живеат на работ на егзистенција- стои во соопштението на СДСМ.

Граѓаните на чело со СДСМ се оставени на милост и немилост со лошите мерки и политичката  ноншалантност, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Секојдневно расте бројот на заболени од корона а бројот на мртви ја надминува секоја нормалност.  Мафијата на власт ја уништи македонската економија и здравство. Мафијата на власт на чело со Заев покажа колку е неспособна кога се работи за потребите и интересите на граѓаните- стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот