Властите во Приднестровие со декларација побараа од Русија да ги заштити од Молдавија

Обработка на податоци: Иван Самарџиев

Властите во Приднестровие денеска усвоија официјална декларација со која бараат од Русија да ги заштити од Молдавија, која неодамна воведе мерки за економски притисок врз овој, свој проруски сепаратистички регион.

Според декларацијата, сепаратистичките власти сакаат Москва „да преземе мерки за заштита на Приднестровие во услови на зголемен притисок од Молдавија“.

Во декларацијата, усвоена на конгресот на пратениците од Приднестровие, се зборува за „социјален и економски притисок врз Приднестровие, што директно е во спротивност со европските принципи и пристапи за заштита на човековите права и слободната трговија“.

Во декларацијата, упатена до двата дома на рускиот парламент, меѓу другото, се вели:

„Прифатете го апелот упатен до Советот на Федерацијата и Државната Дума на Руската Федерација со барање за спроведување мерки за заштита на Приднестровие во контекст на зголемен притисок од Молдавија, имајќи предвид дека повеќе од 220.000 руски граѓани живеат на териториите на Приднестровската Молдавска Република (самопрогласена) и позитивното искуство кога станува збор за акциите на руските мировни сили на Днестар“, се наведува во декларацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот