Владина седница со повеќе кадровски решенија: Зеќири наместо Рашковски во Совет за реформа на јавната администрација

Согласно предлогот на владината комисија за кадровски прашања, Владата на денешната седница го отповика Марко Ѓоргиевски од должноста независен и неизвршен член на Одборот на директори на Акционерското друштво за вршење на енергетски дејност и Национални енергетски ресурси Скопје во државна сопственост.

Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, на владината седница е именуван во Совет за реформа на јавната администрација на местото на Драги Рашковски.

На седницата, соопштија од владиниот Сектор за односи со јавноста, Владата се информирала за оставката на Дарио Николовски од должноста директор на Државниот студентски дом „Скопје” во Скопје и заклучила да му препорача на Управниот одбор на Државниот студентски дом „Скопје” во Скопје за вршител на должноста директор на Државниот студентски дом „Скопје” , да го именува Виктор Велевски.

– Владата ја прифати информацијата на Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за именување на Марко Ѓоргиевски за в.д. директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за време до изборот на директор, а најдолго за шест месеци, се наведува во соопштението.

На негово барање, Дарко Данев, е разрешен од должноста член на Совет на Институтот за акредитација на Република Северна Македонија – Скопје како претставник од универзитетите.

Владата на седницата го разреши Зоран Стојановски, исто на негово барање од должноста директор на Воспитно-поправен дом Тетово, а на негово место како в.д. е именуван Даниел Антовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот