Владејачката СНС бара одржување нови избори за градот Белград

Белград, Србија
Фото: МИА

Претседателството на владеачката Српска напредна странка (СНС) на денешната седница донесе одлука да се одржат нови избори за Собранието на град Белград, јави дописникот на МИА од Белград.

-Донесена е одлука да се оди на нови избори во Белград. Втората одлука е на овие избори да се оди со „што е можно поширок фронт“. Ќе видиме кој се ќе биде таму. Сметавме дека одговорна организација треба да ја подигне границата на легитимитетот и кредибилитетот и да покаже дека политиката не е математика, изјави Александар Шапиќ, досегашен градоначлник на Белград и член на претседателството на СНС.

Тој додаде дека утре СНС ќе започне со кампања во Шумице во Белград и дека датумот на изборите за Белград ќе биде одлучен подоцна.

-Белград стои пет месеци и ние сме свесни за ЕКСПО 2027, кој е движечка сила за дигањето на Србија и затоа сметаме дека до избори треба да дојде што е можно поскоро, додаде тој.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска во своето обраќање до јавноста рече дека разговарал со претставниците на СНС кои се добитничка листа на изборите во Белград и дека побарал на седницата да се разгледа можноста за излегување на нови избори во Белград, бидејќи, како што истакна, важно е Србија да ја негува и чува демократијата заради себе, а не поради тоа што ќе каже некој друг.

Досегашните обиди за одржување на конститутивна седница на собранието на град Белград на која требаша победничката СНС и СПС да формираат коалиција со Движењето Несторовиќ и да ја фомираат градската власт, останаа неуспешни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот