Владата со пакет мерки поради коронавирусот: Секоја компанија ќе може да добие од 3 до 30.000 евра кредит

Наша примарна обврска е да напрвиме сѐ што можеме да го заштитиме јавното здравје, поддршка за сите здравствени работници. Сакам да испртам поддршка за оние во аптеките, маркетите кои ги опслужуваат потебите на граѓаните. Коронавирусот донесе предизвици за светската економија која трпи несогледливи последици. Македонската економија ќе има последици. Економскиот тим на Владата правеше темелни анализи на можните последици со цел да се ублажи кризата, рече заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжена за економски прашања и за координација со економските ресори, Мила Царовска.

Ова ќе значи поддршка за компаниите, а се значајни и за Владата за поефикасна поддршка и принципот на солидарност, посочи Царовска.

– Првата мерка е за ликвидност на микро-макро претпријатија, односно 5,5 милиони евра. Кредитите се дизајнирани со големо внимание. Секоја компанија ќе може да добие од 3 до 30.000 евра кредит. Микро-компании од 3 до 5 илјади евра. Малите од 10 до 15 000 евра, средните од 15 до 30 илјади евра. Овие кредити се бескаматни, грејс-период на отплата 2 години. Администрирањето ќе биде бесплатно.

– Втората мерка е за платите. Мораме да го задржиме секое работно место. Затоа субвенционираме придонеси од секторите туризам, транспорт, угостителство за месец април, мај, јуни со цел да субвенционираме придонеси по вработен. Со тоа компанијата нема да го намали бројот на вработени, да не исплати дивидендва во 2020 и награди и бонуси. Само компаниите кои имаат остварено добивка ќе вратат субвенции од придонес, мерката е директно насочена да помгне наоние ои оствариле помал еконосми резултат – вели Царовска.

Таа се осврна и на прашањето за работата во фабриките и погоните.

– Една од клучните прашања е работата во фабриките и погоните. Владата препорачува реорганизација во смени ако треба 4, за помал број на вработени во дадена смена. За непречен влез на товарни возила санитарниот инспекторат ќе дава дозволи за влез за да не престане трговската размена во земјата – информираше Царовска.

Таа исто така посочи дека владата е целосно мобиизирана за справување со економските последици кои ќе бидат неизбежни и посочи дека ќе биде исклучително важно правилно насочување на ресурсите.

– Продолжуваме со дијалог со стопанските комори за оценка на ефектите и да имаме постојана понуда на мерки за намалување на негативни ефекти – вели Царовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот