Владата на Србија веројатно ќе се избере во следните десет до петнаесет дена

Србија знаме
Знамето на Србија / Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Владата на Србија треба да се избере во следните 10 до 15 дена. Тој за Радио телевизија на Србија (РТС) изјави дека би сакал Велигденските празници да се прославуваат со новата влада, пренесе Бета.

Тој додаде дека во неа ќе има и нови министри, како и дел од оние кои веќе биле, додавајќи дека е задоволен од работата на претходната влада.

Вучиќ, зборувајќи за набавката на авионите Рафал, рече дека тие се исклучително скапи, дека малку земји можат да си ги дозволат.

Тој исто така додаде дека медиумите во регионот пишуваат негативно за таа набавка и дека се наведува дека Србија ја нарушува стабилноста во регионот со набавка на авионите, а таков текст не бил објавен кога „Хрватите ги набавиле“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот