Владата го донесе Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион

Во Планот се прецизираат забранетите активности во соодветните заштитни зони и се утврдија идните специфични планови и истражувања што се неопходни за обезбедување на одржливиот развој на подрачјето на доброто.

Владата на четвртата седница го донесе „Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион (2020-2029 година)”, со акциски план со кој се обезбедува имплементација на сите препораки на УНЕСКО.

Во Планот, како што соопшти владината прес-служба, се прецизираат забранетите активности во соодветните заштитни зони и се утврдија идните специфични планови и истражувања што се неопходни за обезбедување на одржливиот развој на подрачјето на доброто.

– Со предложените мерки ќе се зајакне институционалниот капацитет за одржливо управување на заштитетното светското природно и културно наследство во Охридскиот регион, се вели во соопштението.

Владата дала позитивно мислење на барањето на Собранието на Предлог-законот за субвенциониран студентски оброк, кој пратениците треба да го усвојат по скратена постапка.

На седницата Владата го утврдила и текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, кој, меѓудругото, предвидува повеќе случаи како причина за одземање на концесијата за експлоатација заради битни повреди на одредбите од договорот во случаи кога вршењето на експлоатацијата го нарушува јавниот интерес, безбедноста и здравјето на населението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот