Владата донесе неколку одлуки насочени кон справувањето со енергетската криза

Владата на денешната 131 седница донесе Одлука за измена на распоредот на средствата во посебниот дел утврден со Буџетот, како и Одлуката за одобрување на тие средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година.

Како што информира владината Прес-служба, одлуките се донесени за реализација на мерките за обезбедување на дополнителни количини на електрична енергија, заради справување со кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија.

– Дополнително, Владата ги задолжи сите институции во надлежност на извршната власт од сопствените буџетски сметки и програми предвидени за набавка на електрична енергија, веднаш да ги исплатат долговите кон добавувачите на струја и одобри да се изврши пренамена на средства од други буџетски ставки каде што има неискористени средства за исплата на долговите за кон добавувачите на електрична енергија, се наведува во соопштението.

Според владината Прес-служба, овие одлуки, како и препораките до институциите на локалната самоуправа, до Собранието и до Канцеларијата на Претседателот на државата, имаат за цел да го помогнат снабдувањето со електрична енергија кое се остварува преку комерцијалните добавувачи.

На денешната седница, Владата исто така ја разгледа и усвои Информацијата за усвојување на тендерска документација за втора фаза во постапка за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река.

– Согласно резултатите од првата фаза, 9 од 10-те пријавени компании ги исполнија условите од претквалификацијата и со тоа се стекнаа со право да достават на понуди за втората фаза, велат од Влада.

Владата ја усвои и Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година, со која се дефинираат потрошувачите кои спаѓаат во оваа категорија, мерките за заштита кои се преземаат, начините за реализација на мерките, мерките што ги преземаат операторите на системите за дистрибуција на енергија, мерките што ги преземаат снабдувачите со обврска за обезбедување на јавна услуга, односно универзална услуга во снабдувањето со енергија, и потребните средства и извори за финансирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот