Владата бара од Пендаровски продолжување на вонредната состојба

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

На Претседателот на државата ќе му биде доставен извештај со предлог за вонредна состојба, службените патувања на носителите на јавни функции ќе се остваруваат исклучиво со одобрување на Главниот координативен кризен штаб на Владата и само ако тоа службено патување е поврзано со справување со пандемијата со КОВИД-19 и со прашања за евро-атлантските процеси на нашата земја, се дел од заклучоците од денешната 53-та владина седница.

– Владата на Република Северна Македонија на денешната 53-та седница донесе заклучок да достави предлог до Претседателот на Република Северна Македонија со извештај за досега преземените активности од државните институции, со кој се аргументира дека за успешно справување со коронавирусот во државата потребна е вонредна состојба и во наредните 30 дена, стои во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста.

На оваа седница, Владата го дополнила и усвоила протоколот со препораки и упатства за излез и влез на државната граница на Република Северна Македонија за избрани функционери вработени во Влада на Република Северна Македонија и министерствата, државјани на Република Северна Македонија, со заклучок дека за секое службено патување предвидено со оваа одлука одобрување треба да даде Главниот координативен кризен штаб на Владата, исклучиво ако тоа службено патување е поврзано со справување со пандемијата со КОВИД-19 и со прашања за евро-атлантските процеси на нашата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот