Вкупно 800 четвртоодделенци од Аеродром ќе добијат подарок таблети од Општината

Сите четвртооделенци кои посетуваат настава во некое од основните училишта на територија на Општина Аеродром ќе добијат бесплатен таблет, подарок од општината. За таа цел, обезбедени се над 800 таблети,чија вкупна вредност изнесува над 5 милиони денари.

– Со средства од буџетот на општината, обезбедивме таблет уреди кои ќе бидат наменети за сите четвртоодделенци во основните училишта низ Аеродром. За мене како прв човек на Општина Аеродром, дигитализацијата на образованието е важна, а како локална самоуправа водиме сметка за буџетот на родителите. Токму поради тоа, денеска во основното училиште „Блаже Конески“, започна имплементацијата на проектот преку кој секое дете што посетува настава во четврто одделение ќе добие бесплатен таблет за следење на наставата – информира градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски кој меѓу другото најави и дека, овој проект кој започна да се реализира оваа учебна година ќе продолжи да се имплементира и во наредните години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот