Вкупно 249 пациенти се лекуваат од ковид-19 на Инфективна, интерните клиники и на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Вкупно 249 пациенти со ковид-19 се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, во Модуларната болница, во Ковид центрите на интерните клиники и на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ.

Од нив, како што информираа за МИА од Министерството за здравство, 100 пациенти се хоспитализирани и се лекуваат од ковид -19 на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а 66 се хоспитализирани во Модуларната болница.

Во Ковид центрите на интерните клиники во изминативе 24 часа се примени 17 пациенти на Клиниката за неврологија и 12 во центарот на Клиниката за кожни и венерични болести. На Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ се хоспитализирани вкупно 54 пациенти, посочија од Миистерството заздравство и додаваат дека болнички капацитети има доволно и ниту еден пациент кој има потреба од хоспитализација не е вратен, ниту ќе биде вратен од било која болница во земјава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот