„Виз Ер” до 13 јули нема да лета во Македонија

Архива на СП

Министерот за транспорт Горан Сугарески минатата недела изјави дека се разговара, но оти се уште е рано за одлука за отворање на аеродромите.

Нискобуџетна авиокомпанија Виз Ер најави дека до 13. следниот месец ја продолжува суспензијата на летови до и од Северна Македонија поради продолжувањето на рестрикциите за патување наменети за сите странски летови.

-Патниците кои имаа резервации за овој период на своите „Wizz“ сметки ќе добијат сто и дваесет проценти од целата сума и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air.

Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака.

Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100 проценти поврат на сумата.

Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети, стои во соопштението.

Министерот за транспорт Горан Сугарески минатата недела изјави дека се разговара, но оти се уште е рано за одлука за отворање на аеродромите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот