Бајден заспа на состанокот во Глазгов/ Фото Youtube Fox News

ВИРАЛНО ВИДЕО: Џо Бајден повторно фатен како спие, овојпат на самитот за климатските промени

Американскиот претседател Џо Бајден стана главна тема на социјалните мрежи откако се појави видео на кое се гледа како тој ги „одмара очите“ за време на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени (COP26) во Глазгов, пренесува Скај Австралија.

Видеото на Твитер го објави новинарот на „Вашингтон пост“, Зак Персер Браун, а може да се види како Бајден се обидува да ги слушне говорите за добредојде на конференцијата, но во еден момент тој сè уште ги затвора очите и повеќе не ги отвора додека неговиот помошник не го прекине.

Дали Бајден заспа на состанокот со Бенет, или тоа беше лажна вест?

Пред неколку месеци на Твитер исто се појавија снимкји од состанокот на американскиот претседател Џо Бајден со израелскиот премиер Нафтали Бенет, на кои наводно тој спие. Некои од медиумите потоа тврдеа дека тие снимки се лажни, со неколку теории во кои ги објаснија снимките.

ВИДЕО | Дали Бајден заспа на состанокот со Бенет?

„Поспан Џо“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, често го исмеваше Бајден со неговиот прекар „Поспаниот Џо“. Пред тогашните избори, Трамп на социјалните мрежи се шегуваше со поранешниот потпретседател, велејќи му „Добредојде во трката заспан Џо. Само се надевам дека ќе бидеш интелигентен, во што постои сомневање, во водењето на успешна примарна кампања“.

Трамп и денеска повторно се ситеше на сметка на Бајден, велејќи дека ниту Бајден не можел да слуша толку долг разговор за климатските промени, пишува Њујорк Пост.

Трамп ја исмева кандидатурата на Бајден: Заспаниот Џо, добредојде во трката

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот