ФОТО: Вила на руски милијардер во Лондон окупирана од украински поддржувачи

Вилата на Олег Дерипаска окупирана од демонстранти во Лондон/ Фото Tolga Akmen / AFP / Profimedia

Вила во Лондон, наводно во сопственост на членови на семејството на рускиот милијардер Олег Дерипаска, е окупирана од демонстранти кои се противат на инвазијата на Украина, пишува Блумберг.

Групата влезе во домот на Белгрејв Сквер – една од најбогатите области во градот – во 1 часот по полноќ, вели член на групата, кој одби да го каже своето име. Тие планираат да останат во имотот додека не заврши војната и додека бегалците кои излегуваат од Украина не бидат сместени, рече тој.

Украинско знаме и транспаренти закачени од прозорците на домот, вклучително и еден со натпис „Овој имот е ослободен“. Демонстрантите велат дека биле инспирирани од Нестор Махно, кој ја предводел украинската анархистичка армија во 1917 година.

Засега демонстрантите преговараат со полицијата за да се дозволи испорака на пици, рече тој.

Министерот Мајкл Гоув ја изнесе идејата за користење на домовите на санкционираните Руси за сместување на украинските бегалци. Дерипаска беше санкциониран од Велика Британија минатата недела, откако земјата ги заостри ограничувањата за Русите од висок профил.

Олег Дерипаска/ ФотоEPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Портпаролот на Дерипаска, кој не одговори веднаш на барањето за коментар, изјави за весникот Гардијан дека имотот е во сопственост на членови на семејството на милијардерот. Дерипаска, основачот на алуминиумскиот гигант United Co. Rusal International PJSC, повика на мировни разговори преку Телеграм без да го спомене рускиот претседател Владимир Путин.

Полицијата го опколи имотот, а повеќе од 30 полицајци се на местото на настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот