ВИЕДОИНТЕРВЈУ | Илија Стевков од МЕНСА: Живееме во свет во кој работниците работат по 14 часа, а компјутерите пишуваат поезија

Илија Стефков - МЕНСА Македонија /Фото: "Слободен печат"/Драган Митрески

Ова што се случува на полето на вештачката интелигенција во изминативе две години е навистина голема работа, но од друга страна е и предизвик и треба да се биде внимателен околу сето тоа и можеби за некои работи сe уште ти треба човек за да провери дали е точно тоа што компјутерот ти го кажал – вели Илија Стевков, претседател на МЕНСА – Македонија.

Во неговото гостување во утринската програма на Слободен печат, тој посочи дека само времето ќе покаже каде е лимитот на вештачката интелигенција.

– Во нашите џебови го имаме сето знаење на светот. Овој телефон е милиони пат појак од комјутерот што ја проби Енигма во Втората светска војна. Така да времето се менува, технологиите се менуваат, и на тој начин влијаат на луѓето и на општеството. Претпоставувам дека луѓето што пишувале научнофантастични новели пред 50 или 100 години не можеле да претпостават дека ќе дојде време луѓето ќе работат по 14 часа во фабрика, а компутерите ќе пишуваат поезија – вели Стевков.

Во четврток во просториите на ФЕИТ во Скопје со почеток од 18.30 чаот ќе биде организира тестирање за МЕНСА, а цената за учесниците изнесува 500 денари. На овој начин здружението се надева дека ќе дојде до нови членови.

– МЕНСА-Македонија е здружение на луѓето со натпросечна интелегенција, односно место каде членуваат они чиј резултат на тестирањето бил во рангот на 2 проценти од светската популација. Сепак, не секој што го поминал тестот потоа сака да биде наш член, а многумина, пак, не се активни членови, вели тој.

Сепак, токму бројот на активните членови ја одредува и позицијата на Македонија во меѓународни рамки, па делумно и затоа нашата земја е последнорангирана во споредба со преостанатите земји кои потекнуваат од некогашната југословенска заедница. Во меѓународни рамки, Македонија е зад Шпанија, но и едно место пред Канада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот