Анкета Зоолошла, фото: принтскринт

ВИДЕОАНКЕТА | Што мислат граѓаните за Зоолошката градина во Скопје?

Зоолошката градина во Скопје, за две години ќе гo прослави својот стогодишен јубилеј, но, моментално се соочува со сериозни проблеми, особено по последната вест поврзана со високопатогениот сој на вирусот – птичји грип.
Токму поради тоа, одлучивме да ги анкетираме граѓаните на таа тема и да ви го пренесеме нивното мислење.

Многумина од анкетираните не знаат за стогодишниот јубилеј на Зоолошката градина.

„Прв пат слушам за ваква информација“, вели еден постар господин за „Слободен печат“.

За актуелната ситуација со вирусот, некои граѓани сметаат дека затворањето на Зоолошката е разумно.

– Ако има опасност од некоја зараза и треба да биде затворена –  вели една загрижена постара жена.

 

Бевме вчудовидено од игнорантскиот став на едено младо момче, кое рече:

„Не знам ништо во врска за Зоолошката, бидејќи не ме интересираат животните“. 

На другото прашање за разликата помеѓу одржувањето на нашата Зоолошка и зоолошките градини во странство, еден господин саркастично ни ја опиша разликата со неколку збора:

– Како „фиќо“ и „ферари“ да споредуваш – рече тој.

.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот