ВИДЕОАНКЕТА: Колку пати месечно може да си дозволите ручек во кафана? фото: принтскрин

ВИДЕОАНКЕТА: Колку пати месечно може да си дозволите ручек во кафана?

Растот на цените во угостителството го менува секојдневието. Сè почесто кафеаните и рестораните не се избор за дружење и уживање, туку луксуз.

„Слободен печат“ ги праша граѓаните колку често излегуваат, дали се задоволни од услугата во рестораните, дали има зголемување на цените и дали бакшишот сè уште е дел од навиката.

Некои велат дека одамна не биле во кафеана. Има и такви што излегуваат секојдневно, особено оние што живеат во странство и можат слободно да се опуштат од финансиски аспект.

– Ние сме од далеку, живееме во странство. Постојано доаѓаме, секоја вечер по кафеани или ресторани. Дома не правиме за јадење – вели еден од анкетираните.

Една госпоѓа вели дека буџетот може да се балансира.

– Пред два дена бев. Услугата беше перфектна. Младите доста се трудат, тоа многу мене ме радува. Бев презадоволна – вели таа.

За дел од анкетираните, услугата зависи од локалите во кои одат.

– Ако одиш во некој ресторан каде што е поексклузивно, мислам дека подобро сте услужени – велат тие.

Повеќето забележуваат дека цените се многу поразлични од порано.

– Едно е цената, стандардот на луѓето, и второ, за жал, се изгуби и онаа социјална компонента на дружење – додаде повозрасен господин.

Некои сметаат дека еднаш месечно можат да си дозволат кафеана.

– Еднаш во месецот мислам дека можеме – вели помладо момче.

Со ова се согласија и други анкетирани.

Бакшишот, според одговорите, сè уште се дава, како дел од навиката и културата.

Во анкетата се обративме и до угостителите. Еден од нив разочарано пред нашата камера рече дека неговата работа е падната поради инфлацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!