
ВИДЕОАНКЕТА | Кој е виновен за загадениот воздух во Скопје?
Во изминативе неколку седмици Скопје е епицентарот на загаден воздух поради бројните пожари во центарот на градот, како и во неговата околина. Со денови луѓето протестираат против загадениот воздух кој го гуши Аеродром од „Вардариште“, депонијата „Дрисла“ и од Трубарево.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Слободен печат“ направи анкета во која ги праша граѓаните кој е виновникот за загадениот воздух во Скопје, дали има решение за загадениот воздух, кое е решението и како да се спречи палењето на депониите.
Чест одговор од страна на граѓаните беше дека за загадениот воздух е виновна државата.
-Државата и сите во неа се виновни – изјави една од анкетираните.
На прашањето што треба да се преземе за да нема повеќе загаден воздух во Скопје, една девојка одговори:
-Сметам дека треба да се запре градењето малку, згради има на сите страни, еден куп трговски центри, многу возила, многу луѓе, сите се во Скопје – вели таа.
Ги прашавме граѓаните кое е решението за почист воздух, на што тие одговорија:
-Има решение за загадениот воздух, само треба многу да се работи. Треба да се преземат еко-акции, кои според мене би требало да почнат уште од училиштата, да се образува младината, да се подигне еколошката свест, не само во теорија, туку преку конкретни примери. Исто така да се воочи дека ако секој поединец направи нешто малку, тоа малку може да премине во колективна свест, која се надеваме дека ќе влијае на власта за преземање регулативи и мерки за заштита – изјави една случајна минувачка.