ВИДЕОАНКЕТА: Има ли решение за несобраното ѓубре во Скопје? фото: принскрин

ВИДЕОАНКЕТА: Има ли решение за несобраното ѓубре во Скопје?

Проблемот со нечистотијата во Скопје е тема што сè повеќе ги загрижува граѓаните. „Слободен печат“ ги праша граѓаните што мислат за хигиената во градот и има ли решение за ѓубрето што не се собира редовно?

Многумина се жалат на смрдеа и ѓубре по улиците, а дел од нив сметаат дека се потребни построги мерки и санкции.

– Јас сум стара скопјанка, и од година до година, за жал, гледам како Скопје се дави во „измет“ – вели една госпоѓа.

-Воопшто не е чисто – додава случаен минувач.

Друг сограѓанин смета дека надлежните треба да реагираат:

-Мислам дека треба да се преземат мерки, има надлежни тука што треба да го средат градот – вели тој.

-Премногу е нечисто. Немаме култура. Треба да има големи санкции. На пример, јас во странство кога бев, за „пикавец“ платив 50 евра – објаснува едно момче.

Повозрасен сограѓанин вели дека прво комуналните служби треба да се екипираат, да се опремуваат како што доликува на една престолнина.

Прашавме и туристи кои првпат го посетуваат Скопје. И тие го делат мислењето на скопјани.

– Ужасно е. Градот не прави ништо во врска со ѓубрето – вели еден Американец кој подолго време живее во Скопје.

-Стигнавме вчера. Реката не е чиста. Таму видовме многу нечистотија, но има ѓубре и покрај улиците – додава една госпоѓа од странство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот