Фото: Профимедиа/ТикТок

ВИДЕО | Жените ги проверуваат теглите со мармалад во фрижидерите: Така Шакира дознала дека Пике ја изневерува

Деновиве, најголемо внимание на светските медиуми привлекоа две пејачки кои пеат за својот приватен живот и снимија „одмазднички песни“ за своите поранешни партнери. Мајли Сајрус и Шакира.

Шакира со песната „Shakira: Bzrp Music Sessions, Vol. 53“ соборува рекорди на Јутјуб. За само 7 дена има повеќе од 150 милиони прегледи на Јутјуб.

„Ме остави како сосетка на свекрва ми, со новинари пред врата и долг во каса. Мислеше дека ќе ме повредиш, но ме направи посилна. Жените не плачат, жените наплаќаат“, се стиховите на новата песна на колумбиската пејачка Шакира (45).

Шакира песната му ја посвети на поранешниот партнер Жерар Пике (35), со кого ја прекина 12-годишната врска поради неговото неверство. А, како дознала за измамата? Благодарение на мармаладот. Шакира се вратила дома и сакала да изеде малку мармалад. Инаку, таа го сака овој овошен мармалад, кој Пике никогаш не го јаде, а ниту нивните деца, ѝ станало чудно зошто во теглата нема мармалад. Ова малку делува смешно и чудно, но, се појавиле сомнежи дека партнерот ја изневерува затоа што некој друг го изел мармаладот ​​и на крајот таа била во право. Станувало збор за новата девојка на Пике – Клара Чиа Марти.

Во новата песна Шакира на интересен начин ја раскажа својата страна од приказната, а сега истата таа песна, како и приказната за мармалад, станаа хит на ТикТок.

 

@392_wera Not in my kitchen ? #shakira #pique #infiel #fyp #trending #checkyourfood #food #cheater ♬ Shakira: Bzrp Music Sessions, Vol. 53 – Bizarrap & Shakira


Жените се солидализираат со пејачката, а почнаа и да снимаат видеа во кои обележуваат колку храна останала во пакувањето, почнале да запишуваат на хартија точно колку парчиња производ имало пред да излезат од дома и слично. Трендот се прошири низ целиот свет, па и на регионот.

Во трендот се приклучи и српската пејачка Весна Ѓогани.

 

@vesnadjogani Not in my kitchen!!!#vesnadjogani #vesnatory #fyp #foryoupage #foryou #xyzbca #viral ♬ Shakira: Bzrp Music Sessions, Vol. 53 – Bizarrap & Shakira


Шакира осмисли и танц за својата песна, кој набрзо почнаа да го копираат и други, па на тој начин се создаде уште еден вирален танц, кој сигурно уште извесно време ќе остане во тренд.

 

@shakiraLoving your creations! Found this one from @belladose and had to try it!♬ Shakira: Bzrp Music Sessions, Vol. 53 – Bizarrap & Shakira

ФОТО | Романтична прошетка на Пике и новата девојка, за која вели дека е „поразбирлива“ од Шакира

ВИДЕО | Чао Пике: Шакира постави „вештерка“ на балконот кој гледа кон куќата на поранешната свекрва

ВИДЕО | „Замени Ферари за Твинго, замени Ролекс за Касио“: Шакира руши рекорди со песната за Пике

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот