ВИДЕО: Жена починала откако мост по кој се движела почнал да се крева

Мост во Флорида по кој се движела жената/ Фото Youtube Screenshot

Жена возела велосипед преку подвижен мост во Вест Палм, Флорида во неделата кога одеднаш мостот почнал да се крева, по што таа паднала и починала на лице место, пренесуваат американските медиуми.

Инцидентот се случил околу 13 часот. Жената, која сè уште не е идентификувана, се движела преку мостот возејќи велосипед и била на неколку метри од неговиот крај кога тој почнал да се крева.

„Починала на лице место“

Портпаролот на полициската станица во Вест Палм, Мајк Јахлес, изјави дека жената се обидела да се спаси и се задржала на мостот.

„Во близина имало случаен минувач кој се обидел да и помогне, но таа за жал трагично паднала на бетонот. Таа починала на лице место“, изјави Јахлес.

Полицијата истражува зошто мостот почнал да се крева додека на него се уште имало пешаци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот