ВИДЕО | Зеленска: Не сите лидери го користат своето влијание за добро

Олена Зеленска/ Фото: World Economic Forum / Avalon / Profimedia

Олена Зеленска, сопругата на претседателот на Украина Зеленски, се обрати на Светскиот економски форум за да изгради поддршка за земјата, пренесува Би-Би-Си. Таа смета дека не сите светски лидери го користат своеот влијанието за добро.

Таа ја предводи големата украинска делегација од министри и градоначалници кои се обидуваат да лобираат за поголема помош од Западот и испорака на оружје на годишниот собир во Давос.

„Сите сме внатрешно убедени дека не постои таков глобален проблем што човештвото не може да го реши“, рече Зеленска. „Ова е поважно сега кога руската агресија во Европа поставува различни предизвици“.

Светскиот економски форум обединува стотици шефови на влади, министри и илјадници бизнис лидери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот