Заев на мотоцикл низ Грција/Фото: Скриншот/Voria.gr

ВИДЕО: Заев и Филипче со моќни мотоцикли патуваат низ Грција, од Делфи преку Солун до викендичката на Халкидики

Со мотоцикл од 1.600 кубика, чија регистарска табличка ги носи неговите иницијали, на форумот Делфи пристигна поранешниот премиер на Северна Македонија, Зоран Заев, пишува грчкиот портал Вориа.

Заев изјавил дека на 22 април тргнал од Скопје и поминал низ области во западна Грција, а потоа отпатувал во областа Пелопонез, за да стигне до Делфи, каде на утрешниот форум ќе биде еден од говорниците.

Тој изјавил дека по Делфи, патувањето ќе го продолжи кон Солун, па потоа ќе замине на Халкидики каде, пишува порталот, Заев има викендица, која секое лето непрестајно ја посетува.

На прашањето дали за време на посетите на Грција се среќава со луѓе кои се уште се против Договорот од Преспа, тој рече дека многу Грци му велат дека се позитивни за Договорот, додека други му велат „не ми се допаѓа Договорот, но ми се допаѓаш затоа што ти си добар човек“.

„Патувањето со господинот Заев на сопствен моќен мотоцикл е неговиот многу добар пријател и поранешен министер за здравство во неговата влада, Венко Филипче“, додава Вориа која објави и видео од средбата со Заев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот