ВИДЕО: За една недела издадени 13.676 решенија за изолација поради ковид-19

Во периодот од 9. до 15. ноември шесте инспекторати извршиле вкупно 4.822 контроли, соопшти претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска.

-Државниот здравствен и санитарен инспекторат изврши 80 надзори при што се издадени 6 решенија. Исто така ДЗСИ издаде и 13.676 решенија за изолација на лица заболени или што биле во контакт со заболен. Државниот пазарен инспекторат во истиот период изврши 3.068 контроли и 619 надзори на угостителски објекти како кафетерии и ресторани во однос на почитувањето на Законот за заштита на населението од заразни болести. Притоа пазарниот инспекторат поднесе 31 прекршочна пријава како и 2 забрани за вршење на дејност, соопшти Филиповска -Грашковска.

Таа појасни дека станува збор за еден угостителски објект во Гостивар кој работел по 21 часот, и еден во Охрид каде не се почитувало ограничувањето од 4 лица на една маса. И двата објекти освен тоа што се затворени, добиле и парични казни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот