ВИДЕО: Во предградието на Неапол се урна станбена зграда, три лица спасени од под урнатините

Фото: Твитер, АНСА новинаска агенција

Во предградието на Неапол денеска напладне се урна трикатна станбена зграда. Како што јави италијанската агенција АНСА, од под урнатините се спасени двајца мажи и една девојка. Тие со возило на брзата помош се пренесени во болница, а еден од мажите е во тешка состојба.

Зградата се урнала за само неколку секунди. Во неа живееле пет семејства, но се вели дека за среќа поголемиот дел од жителите биле на плажата во моментот на несреќата.

На полицајците и на пожарникарите кои пристигнале таму за да ги откопаат урнатините веднаш им помогнале случајни минувачи.

Во моментот на уривањето на објектот покрај него минувале две лица кои биле полесно повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот