ВИДEO: Во нов руски напад врз станбена зграда во Украина загинаа најмалку 5 лица, има многу повредени, меѓу нив и деца

Фото: Твитер

Пет лица загинаа, а 27 се ранети откако руски проектил погоди станбена зграда во украинскиот град Днепар.

„Веќе има пет мртви“, соопшти регионалниот гувернер Валентин Резниченко на апликацијата Телеграм, каде што објави и фотографија од станбен блок претворен во урнатини. Тој додаде дека 27 лица се ранети. Меѓу нив има шест деца. Сите се во болница.

Новата серија ракетни напади врз Украина дојде еден ден откако Русија објави дека има „целосна контрола“ врз Соледар, град во источна Украина. Киев негира дека градот целосно паднал под контрола на руските сили и тврди дека во Соледар се уште има украински сили кои даваат отпор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот