ВИДЕО: Во Кина е толку ладно што јајце веднаш замрзнува по кршењето

Фото Инстаграм принтскрин

Температурата во најсеверниот град во Кина, Мохе, падна на -53 Целзиусови степени, што е најниска температура досега забележана во тој град, пренесува „ЕкоВоч“.

Во градот е толку студено што еднa жителка реши да направи експеримент. Таа се снима како крши јајце, кое за само неколку секунди целосно замрзнува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VICE World News (@viceworldnews)

Лоциран во провинцијата Хеилонгџијанг и блиску до Сибир, Мохе е познат како „Северниот пол на Кина“ и е едно од ретките места во земјата со субарктичка клима.

Кинеското метеоролошко биро објави дека и дванаесет други метеоролошки станици во Хеилонгџијанг забележале температури блиску до, или под нивните сопствени рекорди за ниски температури, објави The Independent.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот