ВИДЕО: Во Бања Лука уапсен е осомничен за убиство на монах

Припадници на Специјалната антитерористичка единица на Министерството за внатрешни работи на Република Српска уапсија осомничен од Бања Лука денес во 15:55 часот под сомнение за тешко убиство во манастирот Глоговац, кај Шипово – соопшти босанското МВР.

Драган Шево беше лишен од слобода во мотелот „Нана“ во Бања Лука.

– Лицето е испратено на Универзитетскиот клинички центар на лекарски преглед со силни полициски сили, соопшти полицијата.

Министерот за внатрешни работи Драган Лукач рече полицајците се обиделе да го убедат да се предаде, но осомничениот одбил.

Тој се закани дека ќе се самоубие со нож. Членовите на САЈ излегоа на терен и го пронајдоа во мотелот „Нана“. Специјалците набрзина влегоа во просторијата, а тој успеа да се исече на ногата со нож – рече Лукач.

 

Единиците на босанската полиција интензивно трагаа по осомничениот од понеделникот за убиството на монахот Стефан од понеделникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот