
ВИДЕО | Внукот на Кенеди проговори за своите контроверзни статуси: „Правам објави кои се смешни и глупави и покрај тоа што може да помислите дека сум луд“
Џек Шлосберг, внук на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, се најде на насловните страници поради неговите контроверзни објави на социјалните мрежи. Не е тајна дека тој создаде голема платформа покажувајќи различни страни од неговата личност и мислења кои ги објавуваше на Инстаграм и „Икс“. Сепак, неодамна ги деактивираше своите профили на социјалните мрежи и се извини.
Препорачано
Токму ова беше повод да гостува во емисијата „Блупринт“ на Џен Псаки. Тука, тој се осврна и на своите контроверзни објави на интернет, откривајќи дека сè тоа било дел од некаква „стратегија“.
– Мислам дека интернетот е тешко место за пробивање, особено ако не кажувате нешто контроверзно или, во најмала рака, донекаде неочекувано. Мислам дека демократите не ја играат таа игра така добро како што треба … Луѓето ќе пишуваат и ќе веруваат во секакви работи – изјави Шлосберг.
Внукот на Кенеди инаку е комичар и гласен застапник на американската Демократска партија, по изборната година во САД призна дека ги измислил повеќето приказни што ги споделил со јавноста.
Имено, лани, внукот на Кенеди водеше активна кампања против републиканците, вклучително и против својот братучед Роберт Кенеди Помладиот. По бурните контроверзии, Шлосберг во февруари годинава, ги избриша сите свои профили, а поради сето тоа тој е нарекуван и „најголемиот срам за семејството Кенеди“ кај дел од Американците.
По победата на Трамп почна да објавува и посериозни работи. Така, и објавите против неговиот братучед републиканец станаа поостри. Поточно, пред да ги напушти социјалните мрежи, тој го повика своето семејство да го осуди Роберт Помладиот и сподели наводна изјава од својата мајка Керолин Кенеди против учеството на Роберт во Администрацијата на Трамп.
Во јавноста, сепак, сè уште има тврдења дека Шлосберг има психички проблеми, а некои пак, велат дека само „неуспешно се обидува“ да биде духовит.
– Го користам моето расудување за да правам објави за кои мислам дека се смешни или глупави, но имаат цел, и покрај тоа што може да ве натераат да мислите дека овој човек е луд. Но, велат „Зошто тој така зборува за сопственото семејство?“ … да бидам искрен, тогаш ги добивате сите овие ретвитови, цитати и сите зборуваат за тоа – изјави Џек, пишува „Хола“.