ВИДЕО | ВМРО-ДПМНЕ одржа митинг во Охрид, Мицкоски ја почна кампањата со виц за Заев

Христијан Мицкоски
Христијан Мицкоски/ Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ, заедно со политичките партии од Коалицијата „Обнова на Македонија“, традиционално ја започна својата предизборна кампања во Охрид, а лидерот на партијата Христијан Мицкоски вечерашниот собир го започна со, како што ја нарече тој, сатира за премиерот Зоран Заев.

– Отишол Заев во едно населено место, ги собира граѓаните, жителите на тоа населено место и им вели кажете ми два проблеми кои што сакате да ви ги решам. И првиот проблем кои што тие го рекле господине Заев овој градоначалникот овдека изминативе четири години не лажеше дека ќе направи водовод, дека ќе направи канализација, но од ветеното ниту трага, ниту глас. Се завртел Заев го земал мобилниот телефон во рака почнал да врти на директори, министри, соработници, да се расправа со проектанти така половина час, овие го гледаат замислено, го гледаат како се препелка те лево, те десно и после половина час спушта слушалицата и вели готово првиот проблем е решен, кој е сега вториот проблем кој што сакате да го решам. Па вика вториот проблем е бидејќи е 21 век сите веќе имаат мобилна комуникација само нашата општина остана отсечена нема мрежа за мобилни телефони, па ако може да обезбедите да има мобилна мрежа за нашите телефони, раскажа Мицкоски.

Меѓу другото, Мицкоски на денешниот собир во Охрид истакна дека на Македонија ѝ е потребна иднина која ќе даде сигурност, еднакви можности, но и ќе донесе победи кои ќе не однесат помеѓу најдобрите во Европа.

– Државата ќе ни даде нам, кога и ние ќе направиме нешто за нашата Македонија. За ВМРО-ДПМНЕ ова е битка за чест, и достоинство, така било секогаш било во историјата. Најодлучните ги обединувало, најпаметните го сонувале она што денес го имаме, и треба да го развиеме. Овој пат тоа е бајракот на успехот, надежта и иднината. Тоа е твој бајрак. И сите оние кои сега ме слушаат и се двоумат или имаат било каква задршка сакам да ви го порачам следното – знај го носам и твојот бајрак, а под него има место за сите. И за тебе, и за твоите блиски зошто ова е и твојата битка. Зошто Македонија е наша и единствена, потенцираше Мицкоски.

Тој вели дека за него победа е кога ќе се избориме за повисоки плати, кога Македонија ќе ги сруши границите и ќе биде дел од Европа.

– За мене победа е кога нема да има разлика во Австрија со стандардот. За мене победа е кога ќе се бориме за среќата на нашите деца. За мене победа е кога ќе има одговорност за оние 14 загубени животи во Тетово, и кога заеднички ќе славиме за 14 спасени животи. За мене е победа кога криминалците ќе одговараат, а чесните ќе победуваат. За мене е победа силна и заедничка просперитетна Македонија, нагласи Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот